Македонскиот гитарист Влатко Стефановски ќе пишува музика за „Мекиците од Стража“, односно за планинскиот превој помеѓу Скопје и Охрид. Инспирацијата Стефановски ја нашол во македонските пејзажи на патот Скопје – Охрид, како и во македонскиот производ кој според него нуди универзален, европски квалитет без импровизации.
Одговорните во „Мекиците од Стража“ велат дека им претставува голема чест и задоволство што врвен музичар како Влатко ќе снима музика за нивниот бренд. Оттаму планираат музиката да ја користат како подлога и за неколку видеоспотови преку кои ќе ја прикажат убавината на нашата земја, како и во нивните идни реклами.
Извор – Утрински веснк