Влегоа во Европа и сега што – еве како живеат Хрватите


Спектакуларни промени нема во Хрватска откако пред два месеца земјата стана членка на Европската Унија. Но било рано велат аналитичарите – Вистинските промени ќе се почувствувале дури по една-две години кога земјоделците ќе добиваат пари од фондовите на ЕУ, ќе произведуваат и ќе продаваат поевтина храна, па ќе расте и животниот стандард

На бенефитите се чека но во меѓувреме, владата во Загреб ја исполни првата обврска кон ЕУ со уплата на 70 милиони евра во европскиот буџет – во Европа изгледа за земање пари се чека, но не и за давање.

hrvatska eu1Позитивни работи

– Првиот психолошки сигнал дека сме во ЕУ е тоа што нема граница, па луѓето што живеат во близина на границата со Унгарија, Словенија, Италија, Австрија им е овозможено, на пример, секој ден слободно да одат на пазарување и никој ништо да не ги прашува. Но поголеми економски индикации не гледаме – вели за „Дневник“ економскиот аналитичар Дамир Новотни.

– Освен заминувањето на некои од младите образовани Хрвати, главно лекари и инженери, во потрага по работа во Унијата, отворањето филијали на странски банки и осигурителни компании што нудат поевтини услуги, според него, е знак дека промени ќе има.

– Една од придобивките е што хрватските граѓани може да купат електрична енергија за десет отсто пониска цена, на пример, од германски компании. Веднаш може да се склучи договор, а Хрватското електростопанство е обврзано да овозможи пренос до домовите. Потоа, осигурителните полиси за автомобили се поевтини, на пример, во Австрија и може да се извадат од таму – објаснува Новотни.

Од друга страна

Нови работни места с` уште нема, но се очекува за една-две години странски компании со инвестиции да овозможат отворање работни места.

Неколку недели траат престрелките на хрватската влада со Европската комисија, а хрватските политичари с` уште не сфатиле колкаво влијание има ЕУ на Хрватска. Само два месеца по влезот владата влезе во конфликт со Унијата. Други промени нема бидејќи и не се смени однесувањето на политичките партии.

Еврокомесарката за правосудство Вивијан Рединг ~ најави на хрватската влада дека ќе предложи можност за активирање санкции против Хрватска бидејќи не е задоволна од планот на владата за примена на спорниот „лекс Перковиќ“.

Спорот меѓу Хрватска и ЕK настана поради Јосип Перковиќ, припадник на некогашната УДБА кого германските судови го бараат за убиство на хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година, а чие испорачување е оневозможено со законските измени.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1