Вљубени засекогаш: Четири тајни на бракот кој трае 73 години


Авторката на книгата „Вљубете се засекогаш“, Барбара Купер, која сега има 94 години, а 73 години минала во среќен брак ги подели со своите читатели непроценливите и многу пати испробани совети.

По 73 години брак Купер вели дека знае како да се надминат тешките брачни моменти.

За времето за водење љубов

– Не ги разбирам паровите, кои велат дека се премногу зафатени или уморни за да спијат заедно. Освен ако не градат патишта по цел ден или водат мултинационална компанија, претпоставувам дека само загубиле увид во тоа кои им се приоритетите.

tajni brak kniga

Доколку сакате да останете поврзани и среќни во бракот, мој совет за вас е никогаш да не бидете премногу уморни или зафатени за да почувствувате љубов за својот партнер.

Кога животот ќе ви биде при крај, ќе ви биде жал кога ќе погледнете наназад и ќе се сетите на големиот број ноќи кога сте измислувале изговори, наместо да водите љубов, вели таа.

За расправиите

– Најважната работа за партнерите, кои сакаат да се ускладат е да размислат пред да кажат нешто. Доколку се расправате и почувствувате дека станувате лути, вдишете длабоко и променете го курсот и замолете го партнерот да го стори истото.

ljubomora1

Обидете се да кажете нешто смирувачко како на пример: „Не знам зошто ова толку ме нервира, но ме нервира, зарем не можеш да сториш нешто за да ми помогнеш ова да го надминам?“. Само поради едноставно признание дека сте ја загубиле контролата, можете да почувствувате како лутината брзо стивнува, нагласува Купер.

За поздравувањето на вашиот партнер

– Доколку сакате вашата врска да преживее и процвета ќе морате да се истренирате да го насочите најголемиот дел од вашето внимание на личноста, која ја сакате. Кога вашата душа ќе влезе во собата, без разлика дали имала некоја домашна обврска или се враќа од работа, ваша задача е да оставите се што работите, да ја погледнете во очи и вербално да ја изразите својата среќа што повторно ја гледате. Тоа и навистина не е некоја тешка работа, а носи толку многу за вас двајцата, додава Купер.

За изневерувањата

– Некои луѓе изневеруваат бидејќи сметаат дека заслужуваат повеќе внимание, отколку што го добиваат во домот.

sexИли ги нервира тоа што партнерот не ги задоволува нивните потреби. Во ред, но кој им рекол на тие луѓе дека една личност треба да ги исполни сите нивни потреби? Факт е дека можете да живеете сосема добро, а да не ви биде исполнета секоја потреба. Обидете се да размислувате на таков начин, ќе се изненадите колку е ослободувачко. Вие не сте совршени, но можете да имате мошне убав заеднички живот, доколку двајцата сте сериозни во врска со тоа придонесувате за љубовта и поддршката, кои одат со бракот, нагласува Купер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1