ВМРО-ДПМНЕ: Денеска спречивме СДСМ да ги остави граѓаните без пензии


Преку дополнителниот заменик министер Кире Наумов, лидерот на СДСМ денеска се обиде да ја блокира исплатата на зголемените пензии, да го попречи реновирањето на болниците и набавката на нова медицинска опрема, да ја закочи исплатата на земјоделските субвенции, да ја сопре изградбата на новата патна инфраструктура и да ги пролонгира роковите за реновирање и изградба на новите училишта и градинки, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

vmro dpmne

„ВМРО-ДПМНЕ не дозволи СДСМ да го реализира своето црно сценарио. Буџетска криза нема да има. Република Македонија ќе обезбеди средства и за справување со мигрантската криза, и за зголемени пензии, и за реновирање на болници и за сите други трошоци кои ќе значат стабилност, сигурност и спокојство на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи одговорно и домаќински и да се грижи за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи на тоа Република Македонија да остане меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1