ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди медиумите да бидат заплашени и цензурирани


Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно да ја вршат својата работа. ВМРО ДПМНЕ ги осудува сите притисоци и напади врз медиумите и сите обиди преку какви било закани и прогласувања за непријатели, медиумите да бидат заплашени и цензурирани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.vmro dpmne

о продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ ја поздравува вчерашната брза интервенција на полицијата и расчистувањето на инцидентот со новинарот на Телма. Само на таков начин може да се оттргнат сите сомнежи и сите политички злоупотреби на ваквите недолични постапки. ВМРО ДПМНЕ бара надлежните органи на виновникот да му изречат соодветна санкција.

Заканите кон медиумите, нападите врз новинарските екипи, демолирањето на радио станици, навредите, одземањето мобилни телефони и сите останати форми на насилство мора да останат само сеќавање на едно црно минато кога аболицирани политичари се обидуваа да дојдат на власт без поддршка од народот, притоа газејќи се што одбива да работи по нивните налози.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1