ВМРО-ДПМНЕ ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата


ВМРО-ДПМНЕ вчера ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата.

Претседателот на партијата Христијан Мицкоски во својот говор посочи дека ВМРО е чуварот на оваа земја.

– ВМРО е чуварот на оваа земја. Има приказни кои траат долго и тоа е така бидејќи оваа наша приказна има идеологија, цврста арматура во која кодот е ВМРО, а целта на нашето постоење е нашата Македонија. И еве не тука, 29 години потоа, по сите премрежја и се она што го поминавме особено последните години, ВМРО-ДПМНЕ се крева на нозе. И не само што сме на нозе, туку брзо чекориме, трчаме заедно со народот да ја спасиме нашата земја од пепелта во која ќе ја остават. Да изградиме иднина, да го фатиме чекорот со другите од соседството кои не поминаа, но не само да ги стигнеме, туку нашата битка и нашата верба е да бидеме подобри од нив, затоа што оваа земја мора по сите порази и сите неразбрани трговци влезени во политиката да почне да победува, а победата не е нешто недостижно. Потребно е само да се има сон, мотив и чест, порача Мицкоски.

СДСМ и Зоран Заев, како што рече тој, е тргната по удолнина од која нема враќање, а ВМРО ДПМНЕ од ден на ден станува се посилна, се поорганизирана и свесна дека има многу работа за државата да успее.

– Победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победа на Македонија, и ова на овој 29. роденден ви го ветувам. Македонија ќе успее затоа што едноставно нема повеќе простор и време за неуспесите, рече Мицкоски.

Додаде дека ќе се бори за државата да добие датум за преговори.

– Да направиме Влада што ќе работи макотрпно секој ден, која ќе се натпреварува самата со себе и да ја внесе државата во семејството на европските народи, рече Мицкоски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1