ВМРО- ДПМНЕ ќе ја разгледа понудата, инсистираат на договор за предвремени избори


Партиските тела на опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе ја разгледуваат понудата на премиерот Зоран Заев за лидерска средба в петок пред да му одговорат на „фрлената ракавица“.

Но, и понатаму инсистираат дека прва точка на лидерската дебата треба да биде одржување на предвремени парламентарни избори.

Средбата на политичкиот врв на која што конечно ќе се постигне договорот за клучните државни стратешки интереси е повеќе од потреба сметаат аналитичарите. Марко Трошановски од Институтот за демократија вели Изборниот законик, статусот на СЈО, но и спроведувањето на пописот треба да бидат затворени прашања во очекување на октомвриската одлука за одредување датум за преговори со Европската Унија.

За Трошановски одржувањето на предвремени избори во текот на оваа година, како што бара опозицијата, не е во интерес на државата имајќи предвид каков период ни претстои.

Доколку политичките лидери позитивно договорат на поканата од премиерот Заев за средба в петок тоа ќе биде прва лидерска средба по неуспешниот обид за договор во пресрет на референдумот лани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1