ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието за расправата за Законот за јазици и ќе поднесе амандмани


ВМРО-ДПМНЕ во понеделник се враќа на седницата за законот за употреба на јзиците со цел, како што рекоа, да го превенираат носењето овој противуставен и штетен закон. Опозциската партија ќе поднесе амандмани со цел да го подобри ваквиот закон. Имајќи пред вид дека во трето читање не постои временско ограничување на дебатата на пленарна седница можно е амандманите да го блокира целиот процес.

„Носењето на двојзаичноста на целата територија е непотребно и целосно се деградира македонскиот јазик, па поради тоа пратненичката група се враќа во парламентот и ќе поднесе амандмани“

Се уште нема точна бројка за колкав број на амндмани станува збор, но во главно тие ќе бидат слични на рпетходните амандмани со кои ВМРО-ДПМНЕ бараше заштита на макеоднскиот јазик, како и бришење на таксативно наведењниот албански јазик, а наместо тоа еднаква примена на сите малцински јазици. Пратеничката група се враќа во парламентот само за оваа точка.

Од ВМРО-ДПМНЕ се решија на ваков чекор откако претходно од Владата и СДСМ беше одбиен нивниот предлог за целосно повлекување на законот и формирање на мешовита работна група од политички партии, правни експерти, членови на МАНУ и претставник од кај Иванов за ново законско решение.

Дали СДСМ ќе поднесе амандмани на законот партијата ќе одлучи во петок.

Од владата денеска потврдија дека по неговото донесување, целиот текст на законот ќе биде испратен на проверка кај Венецијанската комисија.

Законот за јазици се врати во Собрание во трето читање откако претседателот Ѓорѓе Иванов пред десетина дена не го потпиа указот за негово објавување и стапување во сила.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1