ВМРО-ДПМНЕ маршираше против неправдата


Над 19.000 граѓани присуствуваа на денешниот протест за правда што го предводеше партијата ВМРО-ДПМНЕ, тврдат организаторите.

Протестот започна пред зградата на Основното јавно обвинителство, а заврши пред Врховниот суд.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски праша кој одговараше овие три години додека Зоран Заев е на власт, на денешниот протест од Јавното обвинителство до судскиот комплекс во Скопје.

„Кој одговараше овие три години, по годините кампања што ја водеше Зоран Заев? Одговорот е ниту еден. Не докажа ниту еден криминал, а премногу криминали амнестираше“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека не се сите исти и дека кога граѓаните ќе им дадат мандат, тој нема да се меша во судската власт.

„Ќе ви докажам дека може подобро и поквалитетно да се работи од она што секојдневно ни го испорачуваат Радмила, Спасовски, Рашковски, Филипче, Мила, Кирацовски и останатата рекетарска дружина. Народот на локалните избори го казни ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата. Сега е време СДСМ да биде казнет и да ја научи лекцијата“, рече Мицкоски.

Тој побара итна ревизија на сите одлуки на Врховниот суд и таму каде што ќе бидат утврдени неправилности, врховните судии да си поднесат оставки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1