Нови имиња за носители на кандидатските листи за пратеници е концептот со кој ќе настапи партијата на Христијан Мицкоски на предвремените парламентарни избори на 12 април. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека најголемиот дел од кандидатите за пратеници ќе бидат лица кои претходно не биле пратеници, но и лица кои не биле дел од партијата. Анкетите се спроведени за околу 500 имиња.
– Во изборните единици, најголемиот дел, можеби и комплетно, целосно ќе бидат луѓе кои до сега не биле носители на пратеничките листи. Истото ќе биде и со составот на пратеничките листи. Најголемиот дел би биле луѓе кои до сега не биле пратеници. Мерењата ќе го дадат одговорот за тоа. Сето тоа ќе треба Централниот комитет на крајот да го потврд – рече Мицкоски на денешната прес-конференција.
Во тек се анкети за луѓето кои се дел од јадрото на ВМРО-ДПМНЕ, но и од јавниот општествен живот и не се политички определени, односно земени се во предвид имиња на околу 500 личности.