ВМРО-ДПМНЕ останува во Собранието?


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат во Собранието, било заклучено на синоќешната седница на Изршниот комитет на партијата. – ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата

Во партиското соопштение од седницата на Извршниот комитет се наведува дека се расправало за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори.

„ИК на ВМРО ДПМНЕ смета дека со вчерашните настани во собранието и материјалот доставен од свиркач практично се докажува дека мозокот на операцијата Рекет е токму Зоран Заев. Јасно е дека Зоран Заев бил финансиер на телевизијата на главноосомничениот за Рекет Јовановски и дека Заев точно знаел и бил упатен и за најситните детали од рекетот“, наведува партијата.

„12 април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Заев“, наведува ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1