Одлуката на Државната изборна комисија за графолошко вештачење на потпис на една граѓанка која наводно не можела да го искористи правото на глас е скандалозна, изјави вечерва Никола Тодоров, шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
„Апелирам до членовите на ДИК уште еднаш да си ја проверат одлуката и да ја корегираат. И покрај тоа што од општинската изборна комисија беше потврдено дека станува збор за жена која се обидела два пати да го искористри правото на глас. Одлуката на ДИК за графолошко вештачење е незапаметена во македонското изборно законодавство. Не смее да се дозволи ДИК да работи спротивно на законските прописи“, изјави Тодоров.