ВМРО-ДПМНЕ соопштува за одлуките по Извршниот комитет


Предмалку заврши седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по што Александар Николовски ги соопшти донесените одлуки.

-Целата постапка за референдумот ја прогласуваме за голем фалскификат и резултатот не го признаваме. Би сакале да упатиме порака до власта да престане со шиканирање и бркање од работа на оние кои не гласаа. Согласно на ова, ИК заклучи дека Договорот од Преска е политички мртов. ИК ги прифати предлозите на претседателот Мицкоски и донесе три одлуки: Да се формира анкетна комисија составена од пратеници да ги истражува сите неправилности на денот на референдумот и потоа тоа да се процесира, барање за разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред очигледниот криминал и избор на нов обвинител на предлог на опоцијата, доколку Заев има намера да распише избори, ќе го победиме. Да се формира техничка влада 100 пред избори. ИК денеска одлучи да се формира Републичкиот изборен штаб со претседател Игор Јанушев, изјави Николовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1