ВМРО ДПМНЕ во Куманово веќе излезе на улиците низ Куманово со свирежи од возилата, најавувајќи ја најверојатно победата во градот, иако броењето на гласови оди поспоро со оглед дека се работи за двојни избори, јавува сајтот Kumanovskimuabeti.mk
Во Општинскиот Изборен Штаб на ОО на СДСМ Куманово, пристигнуваат резултатите од терен, и според нивните последни броења, на 15000 обработени податоци, Стево Пендаровски засега има 8000, додека Иванов има 7000. Од ОИШ на ВМРО ДПМНЕ, моментално нема резултати за добиените гласови.
Што се однесува за парламентарните избори, од 6000 обработени гласови, 3300 гласа се дадени за ДПМНЕ, наспроти 2800 гласови за кандидатската листа на СДСМ.