ВМРО-ДПМНЕ во Битола – Нема да дозволиме марионетки да не втурнат во граѓанска војна


Големиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска од 13 часот се одржа во спортската сала „Младост“ во Битола наиде на голема заинтересираност кај битолчани, кои до последно место ја наполнија спортската сала. На собирот на ВМРО-ДПМНЕ се обрати лидерот Никола Груевски.

foto Kurir

foto Kurir

Ние во Владата, државните иснтитуции кои раководиме по волја на избирачите нема да дозволиме марионетки да ја втурнат Република Македонија во граѓанска војна. Ни македонско- партиска ни меѓуетничка ни меѓурелигиска. Наша судбина е соживот и меѓусебна соработка, уважување и почит. На провокации сме имуни, на опасни дејства како закана сме подготвени.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски пред битолќани на народниот собир кој се одржува во салата „Младост“.gruevski

– Им упатувам порака и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ , бидете будни и внимавајте на провокации, не дозволувајте некој да ве наседне, тоа им е намерата. Бидете горди и достоинствени, ние знаеме што правиме и која е нашата цел, ние и сакаме добро на оваа држава и на целиот наш народ. Апелирам до граѓаните на Република Македонија, до Македонците како мнозински народ, да не подлегнуваат на пропаганда, да не дозволат да бидат цел на манипуланти водени од своите чувства и политичка припадност. Никогаш да не забораваат дека партии ќе доаѓаат и ќе си заминуваат од власт на избори и по нивна мнозинска волја. Но победник секогаш и единствено е народот. Особено во вакви опасни и историски пресвртни ситуации, потенцираше премиерот.

Тој нагласи дека народот е историски  победник дури и кога наспроти себе има десеткратно посилни противници, само ако е единствен и како таков ја дочекува секоја опасност по неговиот опстанок.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1