ВМРО – ДПМНЕ : Во Скопје владее хаос и криминал


Само за еден месец во главниот град се пријавени 20 разбојништва. Нема ден, а да не се вади оружје,рече Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

Мета се бензински пумпи, обложувалници и пошти. Прашање на време е кога ќе падне и првата жртва бидејќи Оливер Соасовски и неговите функционери се незаинтересирани да постапуваат или пак се во коалиција со криминалот.

Оливер Спасовски го интересираат само личните амбиции и кариера. Наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир, тој турка кампања за претседател и не презема ништо за намалување на криминалот во нашата земја.

Да почитувани, нема место во Скопје, нема ден, кога не е извршено разбојништво. Градот ни е претворен во крвава арена.Криминалците владеат со улиците, а полицијата никаде ја нема да ги заштити нашите граѓани.Оваа власт ја наруши безбедноста и не е способна да го гарантира мирот на граѓаните. Оваа власт мора час поскоро да си замине.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1