ВМРО ДПМНЕ: Заев молчи за Рекет – каде е торбата, што барале пола влада во домот на Боки 13


Заев молчи за случајот Рекет и очекува целиот политичко-обвинителско-медиумски криминал да се покрие со пресуди од по десетина години затвор за неколкумината обвинети. Заев се надева дека така јавноста ќе заборави за неговата улога во рекетирањето и поддршката што постојано тој и неговите највисоки функционери им ја даваа на Боки, Катица, Ременски и останатите обвинети.

Заев може да се надева, но јавноста мора да знае што барале Шекеринска, Филипче, Кирацовски, Ременски и пола влада во домот на Боки 13, местото од каде што се договарал и реализирал милионскиот рекет.

Каде заврши торбата Луј Витон со еден и пол милион евра? Каде завршија други изрекетирани пари кои се проценуваат над 20 милиони евра?

Каде е официјалниот записник или белешка од наводното пријавување на рекетот за кое говори Заев, или можеби тој е изворот од влада кој што го известил Боки 13 дека е откриена мрежата за рекетирање?

Зошто Заев до излегувањето на материјалите за Рекет во странски медиум упорно ја бранеше Катица Јанева, па дури и бараше нејзин реизбор?

Што содржат писмата на Катица Јанева до ОЈО, а за кои известуваа медиумите во кои се споменувале компромитирачки материјали за актуелните функционери од власта?

Има ли и што содржи УСБ-стикот кое во судството е заведено под број НСКРО74/17, а за кое јавноста вели дека во него има сериозни индиции за криминал?

Зошто министерот за надворешни работи Никола Димитров не го пријавил рекетот, иако бил известен од амбасадорот на Латвија дека бизнисмен од Македонија и латвиски конзул бил рекетиран?
Како тоа пола Влада и СДСМ соработувала со Боки 13 и никој не пријавил нешто сомнително или можеби тие биле директно вмешани во изнудувањето, броењето и поделбата на милионските суми изрекетирани пари?

Вистината ќе излезе на виделина. Колку и да сакаат од Обвинителството да го забошотат случајот и да го ограничат на двајца-тројца обвинети, сепак криминалот е многу поголем и подлабок. Главата на криминално-рекетарскиот октопод, ако не се открие сега ќе се открие многу скоро, а одговоност ќе има после 12 април кога обновата и правдата ќе дојдат во Македонија.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1