ВМРО-ДПМНЕ: Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на Груевски за хајката врз него


Однародената и криминална власт вечерва го допре дното и потврди дека Република Македонија нема институции туку само инструменти на криминалниот картел кои се злоупотребуваат за политички пресметки.

Единствениот политичар аболициран за тежок криминал, Зоран Заев нарачал медиумите да бидат повикани пред домот на пратеникот и почесен Претседател на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски за да кулминира хајката врз него. Медиумските загари на аболицираниот Заев имаат зелено светло за линч на секој што не се согласува со неговата капитулантска и антимакедонска политика.

Ваква злоупотреба на институциите и медиумите не е видена во ниту една европска држава.

Ваквиот јавен линч е најдобар доказ дека предметот е политички монтиран со една единствена цел, а тоа е отстранување на Никола Груевски од јавниот живот и заплашување на сите кои би помислиле да се спротистават на криминалниот картел.
Доколку Секторот за внатрешна контрола при МВР и Народниот правобранител не утврдат кој е режисерот на оваа медиумска хајка и кој ги повикал новинарите, односно им дал информации кога ќе биде упатен тим од потраги во неговиот дом, ќе значи потврда дека станува збор за нарачка токму од аболицираниот Заев.

Ваквото “Кацарска судство” во спрега со полицијата и медиумите е најдобар доказ дека во Македонија се сведоци на политички прогон и за овој скандал ВМРО ДПМНЕ ќе ги информира своите меѓународни партнери.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1