Украдениот Твитер налог во моментов вреди многу повеќе од украдените кредитни картички на црниот пазар, покажуваат истражувањата кои ги спровеле Ранд Корпорејшн и Јунипер Нетворкс.
Имено, Твитер налозите на црниот пазар вредат многу повеќе од украдените кредитни картички затоа што корисниците на Твитер налозите често користат исто корисничко име и лозинка за различни налози. Со хакирањето на Твитер налозите криминалците често откриваат вредни информации за другите налози на корисниците, па и за налозите на е-банките и е-трговиите. Кражбата на информациите за налозите на еден сајт може да им овозможи на криминалците пистап на налозите на други десет сајтови.
Освен тоа украдениот Твитер налог може да се искористи за таканаречени спир фишинг напади на налозите на роднини, пријатели, колеги. Од друга страна, банките реагираат релативно брзо кога ќе приметат сомнителна активност на сметките. Твитер налозите не се надзираат, така да сомнителните активности може да ги примети само корисникот.
Во декември минатата година, украдените информации за 40 милиони кредитни картички и 70 милиони налози на корисници на американскиот трговечки ланец Таргет се појавиле во рок од само неколку дена на сајтовите кои ги окупирале сајбер криминалците. Почетната цена за налозите се движела во распон од 20 до 135 долари по налог, за многу брзо да паднат на 0,75 долари по налог. Истражувањето кои го спровеле експертите од компанијата Ранд покажало дека цените на хакираните налози на друштвените мрежи се движат од 16 до 325 долари во зависност од видот на налогот.
Твитер налозите на црниот пазар вредат многу не само поради тоа што овозможуваат пристап на други налози на корисниците туку и поради тоа што за спармер на пример „вистинскиот“ налог има поголема вредност. Средината на минатата деценија, криминалците биле фокусирани на кредитни картички, за потоа своите криминални активности ги прошириле и на налози на корисниците на друштвените мрежи. Цените на кредитните картички паѓаат поради тоа што пазарот е презаситен со ваков вид на информации.
Од друга страна налозите на друштвените мрежи на криминалците им отвораат врата за пристап на други вредни податоци. Корисниците затоа мораат да бидат внимателни за да не изгубат контрола над налозите на друштвените мрежи. Тие особено внимание треба да посочат на лозинките кои би требало да бидат различни за налозите на различни сајтови и сервиси, како и да не отвораат сомнителни линкови и да внимаваат на своите налози за да не им бидат злоупотребени. Така корисниците треба да ги проверат налозите кои се поврзани со Твитер и Фејсбук налозите.
Многу од корисниците даваат дозвола на бројните апликации да се поврзат со нивните налози на друштвените мрежи. Апликацијата треба да биде прегледана и да се отстранат сите оние кои повеќе не се користат, затоа што апликацијата често е небезбедна, направена на брзина, а понекогаш авторите ги продаваат хакирани, така што лесно може да со дојде до пристапот на налогот.