Ве известуваме дека во текот на денот се испратени лажни емаил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил.
Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од маил адресата: NLB Banka AD [email protected], со предмет на порака: Интербанкарна трансферна исплата/TT-payment.
Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГО ОТВАРААТ ПРИЛОГОТ НА ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕИЛ АДРЕСАТА NLB Banka AD [email protected] со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.
Сите известувања испратени од НЛБ Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.
Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.
Со почит,
НЛБ Банка