Внимавајте – „Макпетрол“: Се испраќаат лажни пораки во наше име, случајот е пријавен


„Макпетрол” денеска информираше дека непознато лице се претставува лажно под името на компанијата „Макпетрол”, испраќа смс пораки до граѓаните и ги известува дека се добитници на награда. За ваквото дејствување, како што велат информирани се и надлежните институции.

-Сакаме да потенцираме дека, компанијата „Макпетрол” АД Скопје има една наградна игра која се реализира под мотото „Верна секогаш со вас”. Добитниците од истата се истакнуваат на официјалните веб страни на компанијата и програмата за лојалност Верна, www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk, додека добитниците на наградите од мастер колата се објавуваат и во емисијата „Верна, секогаш со вас” која се емитува на ТВ Телма. Дополнително, после секое извлекување среќните добитници се известуваат лично, преку телефонски разговор од официјалниот кол центар на компанијата, велат од компанијата.

Од компанијата ги советуваат граѓаните доколку добијат вакви или слични смс пораки да ги пријават и да не ги земаат за релевантни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1