ВНИМАВАЈТЕ: Фалш банкноти кружат низ Македонија


Во две недели имало три обиди незабележано да се подметнат лажни банкноти. Најчесто се факлсификуваат банкноти од 500 денари и 100 евра, а поретко други странски валути. Последен обид за бодметување лажни пари, е евидентиран вчера во Штип.pari-2.jpg-500

Фалсификувани денари пуштени во промет во Штип. Како што информира МВР, Г.А. вработен во маркет, вчера пријавил дека претходниот ден во банка во Штип, при предавање на дневен пазар, од страна на вработен во банката утврдена е една фалсификувана банкнота од 500 денари.

Банкнотата е одземена за вештачење со потврда за привремено одземени предмети.

Инаку, претходно во медумите се појавија информации дека во промет кружат фалсификувани денари, а дека најмногу во оптек има фалсификувани банкноти од 500 денари.

Банкнотите тешко може визуелно да се препознаат од обичните граѓани, па и од трговците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1