Организацијата на потрошувачи на Македонија(ОМП) предупредува дека граѓаните треба да бидат особено внимателни при купувањето преку интернет, откако доби голем број поплаки на граѓани.
Најчестите поплаки од потрошувачи биле за производи кои не наликувале како тие на сликата, биле во поинаква боја, а неретко добивале и сосема друг производ од порачаниот.
Од таму порачуваат потрошувачите да внимаваат дали веб страницата ги исполнува условите за продажва, односно дали е јасно наведена фирмата, нејзиното седиште, дали има телефонски број за контакти дали има објавено формулар за враќање на производ каков што е предвиден со Законот за заштита на потрошувачите.
Купувачите мора да внимаваат да добијат фискална сметка или друг валиден документ, кој го издава трговецот, а не доставувачот.