Угостителите, хотелиерите и туристичките работници забележуваат на нелојална конкуренција од „Човек-агенциите“, кои на пазарот излегуваат со сомнителни понуди, ниски цени и неквалитетни услуги, што е посебно изразено во Охридско-струшкиот регион.
Учесниците на состанокот посочиле дека дел од нив имаат информација дека се подготвува туристичка инспекција, што ќе значи контрола и поголем ред во работата во оваа дејност, но при тоа забележаа дека е неопходно во следниот период да се контактираат и останатите инспекциски служби со цел решавање на нелојалната конкуренција на пазарот, која допира и други сегменти од работењето.