ВНИМАВАЈТЕ: Измамници нудат одмор во Грција во вили што не постојат


Лажни изнајмувачи на апартмани кружат на интернет. Вила што наводно се наоѓа на некое место на плажа помегу Ханиоти и Полихроно нуделе Македонци на интернет. Речиси никој од туристичките работници во земјата, кои добро го познаваат тој терен,не знаат дали куќата воопшто постои иако сместувањето за неа може да се уплати на македонска транцасиска сметка.

Изманиците што нудат сместување за пари на интернет најмногу ги има во Хрватска, но сега се почесто ги има и во Грција каде што најмногу одат и македонските туристи. Станува збор за добро разработени шеми на добри познавачи на компјутери кои или ги хакираат сметките на вистинските домаќини на вилите, па уплатените пари одат на нивна сметка или сами прикачуваат слики од куќи за кои инфрмациите се лажни.r477greece-halkidiki-ftw6gkb05w-1728x800_c

Деновиве надлежните во Хрватска почнаа широка акција за спречување на појавата. Од Организацијата на потрошувачите на Македонија порачуваат македоснките граѓани да бидат внимателни кога уплатуваат преку интернет за туристичкиот аражман.

Ако сместувањето во Хрватска го плаќате по пат на популарните букинг портали бидете внимателни, бидејќи се повеќе изнајмувачи ги виделе сопствените апартмани на неколку портали и тоа под лажно име. Забележани се и неколку случаи каде гостите дошле до апартман кој однапред го платиле на измамник, а не на изнајмувачот.

Ермано Першиќ од Брсеќа непријатно се изненадил кога огласот за својот апартман го нашол на неколку други интернет страници под друго име.

– Идентични фотографии, идентичен текст. Фотографиите кои јас ги снимав, текстот кој јас го напишав, цените кои сам ги ставив – рече Першиќ.

Крадат и лични податоци на изнајмувачот

Слични случаи се забележани речиси во сите жупании, а во Новаље изнајмувачи доживеаја туристите да им дојдат на врата, иако со нив ништо не се договориле.

– На некои се случило, а некои изнајмувачи неколку дена однапред гостите ги контактирале и изнајмувачите им одговориле – ние не знаеме ништо за вас, ние не сме ве контактирале – рече Домагој Вртодушиќ, претседател на Здружението на изнајмувачи на градот Новаље.

Покрај лажираните профили и кражба на фотографии, искусните сајбер криминалци од изнајмувачите ги крадат и личните податоци, преправајќи се дека се гости. Често се преставуваат и како администратори на букинг портали со кои соработуваат изнајмувачите.

Пријавете ги сомнителните профили

Изнајмувачите така забележале дека лице под име Вјеран Краљ поставува десетици лажни огласи на неколку портали. За помош ја замолиле и Хрватската туристичка заедница.

– Она што ние го преземавме е дека веднаш ги известивме најголемите портали кои се занимаваат со онлајн букинг, да обрнат внимание на тие кои нудат сместување и да побараат дополнителна проверка – рече Ратомир Ивичиќ, директор на Хрватската туристичка заедница, за РТЛ.

Изнајмувачите пак се повикуваат сите сомнителни профили веднаш да ги пријават на полиција и дополнително да внимаваат кој од нив бара податоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1