Внимавајте, измамници собираат донации во име на МПЦ!


Непознати лица претставувајќи се во име на МПЦ собирале донации по куќи и станови во Скопје за поплавените подрачја. Станува збор за измама, на која предупредува Скопската епархија. МПЦ посочува дека донациите кои се собираат се исклучиво во храмовите.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Забележани се примери, како поединци во името на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија или некој храм при МПЦ-ОА, собираат по домови донации за настраданите во поплавите, велејќи дека се испратени од некој храм или свештеник. Вашите донации се примаат само во храмовите, напиша на Фејсбук, Отец Бобан Митевски.otec-bobi-520x209 otec-boban-640x437

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1