Внимавајте како возите – Kамерите на скопските крстосници почнаа да снимаат


Премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во неделата и официјално го пуштија во пробна работа Центарот за управување и контрола на сообраќајот, којшто е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица.

kameri ulici

 

Со Центарот се веќе поврзани 30 крстосници во градот од коишто може да се врши прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, 24 часа седум дена во неделата, може да се управува семафорскиот систем, односно семафорите може да се исклучат или да се префрлат да работат на жолто трепкаво светло, може да се следи работата на светлосните сигнали во реално време и може визуелно да се набљудува сообраќајот.

 

Формирањето на овој центар е дел од проектот за Автоматизирано управување на сообраќајот во Скопје кој почна да се реализира на почетокот на оваа година и е финансиран со заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 2,6 милиони евра, грант од ЕУ ФП7 програмата за истражување и развој, во рамки на проектот ЦИВИТАС РЕНЕСАНСА (CIVITAS RENAISSANCE), во износ од околу 220.000 евра, како и со техничка помош од Австриската влада во вредност од околу 700.000 евра.

Изведувач на работите е СВАРКО СИСТЕМС (SWARCO SYSTEMS) од Германија, додека софтверот за адаптивна контрола и управување на сообраќајот е набавен од МИЗАР Аутомационе (MIZAR Automazione S.p.A) од Италија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1