Внимавајте ќе се врши присилна наплата на данок на имот – ќе куртулите од камата


Присилната наплата на неплатениот данок на имот за физички лица ќе се изврши без да се пресметува каматата на заостанатиот долг. Ваква одлука во текот на следната недела ќе донесе Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот Kоце Трајановски. Ова ослободување на граѓаните од казнената камата е договорено и со другите скопски градоначалници.

stedi za stan– При присилната наплата на неплатен даночен долг на даночни обврзници- физички лица, по основа на данок на имот за 2008, 2009, 2010, 2011 и за 2012 година ќе се врши само наплата на главниот долг, без камата, имајќи ја предвид материјалната состојба на граѓаните – се вели во образложението на предлог-одлуката.

– Според законот, наплатата може да се изврши од имотот или од приходите. Ние ќе извршиме присилна наплата единствено преку трансакциските сметки на должниците, но нема да ја користиме можноста да наплатуваме преку даночен извршител со попис на имотот – објаснуваат од градското одделение за односи со јавност.

Постапката за присилна наплата ќе оди етапно. Нема да им се одземаат пари на граѓаните наеднаш за сите години за кои должат, туку Градот првин ќе изработи опомени за 2008 година, а по неколку месеци ќе ја наплатува 2009 година итн.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1