Кога 28-годишната Британка, Роузи Фери дознала дека сенката за очи која сакала да ја купи е достапна на интернет и тоа за 15 фунти поевтино, ниту една секунда не размислувала дали да ја нарача.
Во локалната парфимерија неможела да ја најде сенката, но сепак би било многу подобро да почекала повторно да се најде во продажба, пишува „Дејли меил“.
– Продавачот ми кажа дека постои разлика во цената само поради тоа што сенката е отворана за да ја испроба бојата. Тоа ми делуваше разумно и одлучив да ја купам. Продавачот беше од Британија – изјавила Роузи.
Но кога нарачаната сенка и пристигнала на домашна адреса, прво што забележала е дека налепниците се на кинески јазик и дека недостига кутијата во која се продава козметиката од тој бренд. Наспроти тоа, Роузи одлучила да ја испроба сенката за очи. Ја помирисала и ништо не и делувало чудно, се додека нејзините очи не почнале да ја чешаат. Следното утро се разбудила така што горните капаци на очите и биле залепени за долните .
– Не можев да ги отворам очите.Ми беше тешко да ги подигнам очните капаци. Очите ми беа отечени и многу се уплашив – изјавила Британката.
Недела дена не можела да излегува од својот дом, а секое утро морала да става антибактериски капки за очи. Три недели подоцна кожата околу нејзините очи се уште и била црвена и отечена, а Роузи не можела да носи никаква шминка. Кога инфекцијата и поминала, таа отишла во парфимеријата и ги замолила продавачките да ја споредат оригиналната сенка од производителот со сенката која ја купила на интернет. Било јасно дека сенката која и предизвикала инфекција не била оригинал.