Внимавајте: Лажни 50 евра се вртат во Македонија – со фалс пари купувале бензин


evra

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Л.(19), Д.Т.(21) и Б.А.(23) сите од Струмица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

На 16.03.2014 година, првопријавениот откако ја обезбедил фалсификувана банкнота од 50 евра и по претходен договор со второ и трето обвинетиот се обиделе да купат гориво на бензинската пумпа во Струмица.

Од страна на полициски службеници од СВР Струмица по преземени мерки кај Ф.Т. од Струмица се пронајдени уште шест фалсификувани банкноти со ист сериски број.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1