ВНИМАВАЈТЕ: Македонски он-лајн инспектори ќе казнуваат за објави на Фејсбук и Твитер


Хакирање профили на социјалните мрежи и објавување недолични содржини, се најчестите жалби на граѓаните до Дирекцијата за заштита на личните податоци. Ваквите појави ќе станат минато со зголемувањето на ефикасноста на заштитата на личните податоци, преку вршењето на онлајн инспекциски надзор.

Македонија за неколку години ќе биде лидер во он лајн заштитата на личните податоци на граѓаните, рече Арно Реијо, експерт за заштита на лични податоци, на денешната прес конференција во Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП). Реијо, кое е и омбудсман за заштита на личните податоци на Финска, е од 23 септември во тродневна посета на Македонија, каде разменува искуства и практични примери со ДЗЛП.

facebook 3

– Зголемување на ефикасноста во заштитата на личните податоци преку вршењето инспекциски надзор на ДЗЛП е главната цел на оваа експертска мисија, како и воспоставувањето правен однос за спроведување на оваа законска легислатива – појаснува директорот на ДЗЛП, Димитар Ѓеоргиевски, кој се надева дека нивната добра подготовка за донесувањето на Закон за он лајн инспекција, ќе овозможи без никаков застој, законот да биде изгласан во Парламентот.

Со учењето на лекциите од експертската мисија, ДЗЛП ќе биде прв орган од инспекциски надзор во Македонија која ќе може далечински или он лајн да врши инспекциска работа со што ќе се направат огромни заштеди на пари, заштеда во луѓе и време.

– Една од подолгорочните цели на овој проект ќе биде да се обезбеди доверба од европските и домашните потрошувачи во интернет продавниците. Ова секако подразбира многу ефективна инспекција и контролори, како и супервизиски надзор врз инспекцијата од независни тела и невладини организации, што ќе биде можеби и најголемиот показател на сигурност за парите на граѓаните при онлајн трансакциите – вели експертот Реијо.

ДЗЛП се надева дека со оваа иницијатива ќе се придонесе во афирмацијата на нивната заложба за стратешко зајакнување на гаранцијата за правото за заштита на личните податоци и правото на приватност гарантирано со Уставот на РМ во член 25.

Експертска мисија во ДЗЛП е финансирана од инструментот за предпристапна помош на Европската комисија, TAIEX. Овој инструмент, освен финскиот, го има применето и Францускиот орган за заштита на личните податоци CNIL, по промената на нивниот закон во март 2014 година. До сега тие имаат обезбедено услови за 200 он лајн инспекции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1