Не купувајте рефус боја за вапсување велигденски јајца оти е небезбедна. бои за вапсување велигденски јајца кои се продаваат рефус, односно се мерат на лажиче се набавуваат од земјите во соседството, најчесто од Србија и од Бугарија, а се претпоставува дека тие не се бои за храна туку се текстилни бои. Пазарџиите и дивите продавачи им ги нудат на граѓаните како квалитетни бои, со кои велигденските јајцата за само неколку минути ја добиваат саканата нијанса.
Опасноста демне оттаму што во боите на лажичка наместо прехранбени бои за јајца, може да се најдат соединенија за бојадисување кожа или облека. Ваквите трик-трговски миксови што се прават за да фати бојата повеќе, одат дотаму што во некои црвени бои се ронат ќерамиди за да се засили дејството на бојата.
Едно лажиче боја се продава од 5 до 10 денари. Нивниот квалитет е неиспитан, несигурен и, бидејќи не се заштитени со соодветна амбалажа, лесно можат да станат штетни за употреба. Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, доколу се стават на веќе оштетени лушпи од јајцето. Тогаш токсичните метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јајцето.
Од Дирекцијата за храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца туку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за користење.
Од боите во кесички, пак, на прсти може да се избројат фирмите што ја почитуваат законската регулатива, во маркетите може да се најдат и бои со странско потекло – грчки и бугарски, за кои не се знае колку се проверени.
Токсиколозите, велат
Особено се опасни арсеновите соли, и тоа арсен триоксид. Тој може да предизвика трајни оштетувања, па дури и смрт. Првичните симптоми се гадење и повраќање, а како што се ресорбира така се јавува задушување, срцебиење, зашто ги напаѓа мозокот и другите центрите
Слични проблеми може да направи и бакарната сол, која ја има и во варта, но за разлика од арсенот, кој не се чувствува, бакарот има метален вкус.