Тројца нови пациенти од денеска се на Клиниката за токсикологија со симптоми на труење од печурки и за среќа се наоѓаат во стабила состојба, пишува Канал 5.
Докторите уште еднаш апелираат да не се берат и јадат печурки, а посебно да внимаваат и оние кои сметаат дека се познавачи на печурките.
На Токсикологија таткото и синот од Прилеп се уште се на интензивна нега и во лоша здравствена состојба. Тие вчера со тешка клиничка слика биле примени на Клиникатам два дена откако ги консумирале отровните печурки.