Внимавајте осигуретелните компании може да се обидат да не ви платат – еве што да правите


Имав осигурување од автомобилска одговорност и осигурување на патници во јавниот превоз, но кога се најдов во ситуација да побарам од осигурителното друштвото да ги покрие трошоците за штета при повреда во градски превоз, тие сакаа да избегнат, коментира еден читател, на Нова Македонија.

soobrakajkacetiriТој вели дека се обратил до Агенцијата и со нивно укажување друштвото одобрило соодветно обесштетување. Додаде дека за надомест на штета врз основа повреда на патници во јавен превоз сумите биле помали, но дека имал право разликата до реално претрпената нематеријална штета да ја надомести од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, каде што сумите на осигурување се значително повисоки

И од АСО велат дека има обиди од осигурителните компании за манипулации на осигурениците и посочуваат таков случај со каско-осигурување.

– Осигуреник со полиса за каско-осигурување поднесе претставка дека не е задоволен од одлуката на друштвото, кое го одбило неговото побарување како неосновано со назнака дека ризикот е исклучок од осигурување, во согласност со одредбите во општите и посебни услови за осигурување моторни возила, каско – велат од Агенцијата.

Откако тие ги разгледале документите, констатирале дека одбивањето на штетата претставува повреда на правата на осигуреникот, за што го известиле друштвото, по што била исплатена штетата.

 Жалби и казни

Во Агенцијата информираат дека доколку се кршат интерните процедури или законските и подзаконските одредби на општите и посебните услови за осигурување, преземаме корективни мерки кон друштвото. Секое друштво има законска обврска условите за осигурување, заедно со полисата, да му ги предаде на осигуреникот, додека осигуреникот е должен условите да ги прочита и да ги разбере пред да го склучи договорот и да процени дали понуденото покритие е соодветно на неговите потреби и очекувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1