Внимавајте што купувате: Растителни кашкавали се продаваат како млечни


Одвојување на сирењата и на кашкавалите од таканаречените растителни производи и понатаму не се почитува во некои маркети иако одредбата е задолжителна за сите трговци со храна. Освен што не се одвоени на посебни рафтови, честопати нема ниту ознака дека станува збор за производ со растително потекло, а не за млечен продукт, пишува Нова Македонија.

Vacuum_packed_KASHKAVAL– Немаме посебна ознака бидејќи муштериите знаат какви производи имаме. Знаат кои продукти се растителни, а кои млечни, па нема потреба од ознака. Доколку е задолжително, ќе означиме дека станува збор за растителен производ, но ова е мала продавница и имаме само еден фрижидер, не можеме да ги одвоиме – вели средовечна продавачка во мала продавница во скопската населба Радишани.

До Одделението за заштита на потрошувачите, од почетокот на годинава се доставени 190 претставки, од кои 67 отсто се покажале основани. Најголем дел од претставките се за храна од неживотинско потекло, за декларацијата на производите, за изминат рок на употреба, присуство на контаминенти и туѓи тела во храната и измама и заблуда на потрошувачот.

Млечни производи или сирење и кашкавал се производи добиени само со преработка на свежо млеко, па ако при производство се користат други состојки, тој производ не е млечен. Производителот не смее да го декларира производот како млечен ако не е направен само од свежо млеко. Агенцијата наложува растителните производи да се продаваат одделно од млечните, на посебен рафт. Казните за непочитување на законот се движат од почетна едукација на операторите со храна до максималната глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност за правното лице.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1