Внимавајте со пробањето на костимите за капење – може да добиете хепатитис А


Пред купување на костим за капење многумина сакаат да го пробаат уште во продавница. Токму тоа е ризик по здравјето.
Пластичниот капак кој се наоѓа во долниот дел на костимот за капење треба да биде заштита од телесни течности и бактерии, но всушност тоа е изворот на инфекцијата – велат истражувачи од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Њујорк.

soncanjeЗа целите на истражувањето  тие анализирале примероци од облека од продавници – фустани, панталони и  долна облека.

Биле пронајдени траги од кожа, измет, бактерии, кои ги напаѓаат дишните патишта. Најмногу вируси и бактерии биле пронајдени на костимите за капење и долната облека. Пробањето на костимите е ризик по здравјето но не значи дека сите што ќе дојдат во контакт со бактериите ќе бидат болни, укажуваат истражувачите предупредувајќи дека потенцијалната опасност доаѓа од изметот пронајден на гаќите бидејќи може да предизвика хепатитис А и дијареа.

Zdravstvo24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1