Внуката на Тито го тужи Николиќ – сефот бил отворен без ниту еден од наследниците


Внуката на поранешниот лидер на СФРЈ, Јозип Броз Тито, Светлана Броз најави тужба против претседателот на Србија, Томислав Николиќ, поради отворање на трезорот во кој се депонирани личните работи на Тито без присуство на неговите наследници.

tito brajСе уште е енигма што содржат 11-те вреќи со предметите на Тито, кои се депонирани во трезорот на Народната бакна на Србија скоро две години по неговата смрт, на 10 април 1982 година.

Српската власт предизвика преседан бидејќи неодамна го отвори трезорот без присуство на судот и наследниците на Тито, туку само во присуство на тричлена државна комисија предводена од Оливер Антиќ, советникот на Томислав Николиќ.

Од основниот суд во Белград за „Блиц“ потврдија дека отворањето на депото не било во нивна надлежност, туку исклучиво во надлежностите на тричлената комисија.

vnuka na titoВнуката на Тито, Светлана Броз најави дека преку адвокат ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Томислав Николиќ поради кршење на европската конвенција за човекови права и правата на правично и фер судење во оставинска постапка, затоа што никој од титовите наследници или претставник од Основниот суд не биле повикани на отворањето на депото.

-Претседателот на државата си дава себе си за право да формира некаква комисија која навлегува во приватната сопственост на еден починат човек, чија оставинска постапка не може да заврши цели 30 години, изјави Светлана Броз за „Блиц“.

Таа е подготвена да оди и до Меѓународен суд за правдата во Стразбур, бидејки според неа, Николиќ се поставува себе си над законите и судската власт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1