Внукот на Тито: Живеам на просјачки стап, како куче


Јосип Јошка Броз, внукот на поранешниот претседател на СФРЈ во интервју за српскиот неделник „Њузвик“ зборуваше за тешката финансиска ситуација во која се наоѓа.

Имено, внукот на покојниот претседател откри дека никогаш не бил во потешки ситуација бидејќи во моментов живее од пензија од само 18 илјади динари (145 евра).josip-joska-broz

-Живеам како морам. Во станот не пуштам греење, се возам со автобус, луѓето ме честат, ме викаат на ручек, а мене дневно не ми требаат пет оброци, доволен е и еден. Но, кого воопшто го интересира тоа што сега живеам како куче, изјави Броз за „Њузвик“.

Јошка истакна дека живее од 18 илјади динари од кои на својата 10 годишна ќерка и плаќа алиментација од 2.800 динари за часови по француски бидејќи како што самиот изјави неговата поранешна жена “се продала“.

Инаку, Јосип Јошка Броз е лидер на Комунистичката партија на Србија со која има намера да излезе на наредните избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1