Цигарите поскапуваат наредната година. Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигарите, на 1 јули 2015 година се очкува цигарите да поскапат за 0,15 денари по парче или по околу 3 денари за кутија.
Доколку производителите не решат тие да ја компензираат акцизата, во продавниците во Македонија се очекува раст на цената на циграите на стартот на летото.
По околу 3 денари за кутија ќе се зголемува цената на цигарите се до 1 јули 2016, а потоа, во наредните 7 години, секоја година цигарите ќе поскапуваат по оклу 4 денари за кутија.
Така, кутијата која денеска чини 60 денари, догодина на лето ќе чини 63 денари, а во 2023 година би чинела 94 денари.
Најскапите цигари пак, кои сега чинат 120 денари за кутија, за 8 години би достигнале цена од 154 денари
Sitel