На јавна седница во Апелација се разгледува жалбата на напаѓачот на тогашната пратеничка, сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска која беше повредена во нередите во Собранието на 27 април.
Одбарната на Панче Ангелов се жали на квалификацијата на делото и на висината на казната.
Според адвокатот Драган Пешевски, казната е престрога бидејќи обвинетиот прв пат доаѓа во судир со законот, има речиси 70 години и условите во затворот би биле тешки за него бидејќи тој нема ниту еден жив роднина.
Исто така правната квалификација, според него, е погрешна бидејќи Ангелов не и ја нанел најтешката повреда на Шекеринска туку тоа го сторило друго лице за кое, како што кажа министерката, веќе е отворена постапка за која таа треба да даде исказ пред обвинителството.
Обвинителот од вишото јавно обвинителство Јован Цветановски смета дека жалбата на одбраната на напаѓачот на Шекеринска е неоснована.
Според него, Кривичниот суд правилно ја определил висината на казната и правната квалифакција на делото.
Панче Ангелов беше осуден за насилство на четири години затвор по признание на вина.