Во Арачиново убиено 17 годишно момче


Седумнаесет годишниот Ељон Јакупи од село Танушевци е момчето кое вчера попладне околу 16:20 часот е застрелано во скопско Арачиново.

policiska-lentaОд полицијата информираат дека момчето имало две прострелни рани во пределот на градниот кош, најверојатно од малокалибарско оружје. Малолетникот на повредите им подлегнал на пат кон болница.

Според првичните информации, момчето е застрелано најверојатно по семејна расправија со неговиот братучед.

Полицијата извршува увид на местото на убиството од каде се подигнати чаури кои дополнително ќе се вештачат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1