Во авион пронајдено четиригодишно дете скриено во чанта


Жена беше приведена на парискиот аеродром „Шарл де Гол“, откако пристигна со „Ер Франс“ од Истанбул за Париз, бидејќи успеала да скрие четиригодишно девојче од Хаити во чанта и да го качи во авионот без билет.

Во Истанбул таа била со него во транзитната зона, каде што пристигнала со друг лет, пренесе БТА.air france

Со детето ги поминала проверките, но поради непознати причини не и било дозволено да го качи детето со себе во авионот, рече извор од парискиот аеродром, на кој беше приведена жената.

Тогаш таа одлучила сепак да отпатува со девојчето. Го скрила во чанта, со која се качила во авионот, откако купила билет за друг лет. Набрзо потоа детето било откриено и екипажот го предал на аеродромските власти.

По краткото приведување, француското правосудство одлучи да не презема судски дејствија против неа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1