Во авионска несреќа загина композиторот на музиката од филмот „Титаник“


Американскиот композитор Џејмс Хорнен (61) загина во авионска несреќа во близина на Санта Барбара.

Хорнер во својата кариера освои два Оскари, а најпознат е по тоа што ја компонираше музиката за филмовите „Field of Dreams“, „Bravehearth“, и „Titanic“.dzejms-hornen-540x320

Смртта на композиторот ја потврди и неговата асистентка Силвија Патриша.

– Изгубивме неверојатно таленитрана личност со големо срце. Почина работејќи на она што го сакаше. Ви благодарам на поддршката и љубовта, напиша Патриша на Фејсбук.

Хорнер летал со мал авион, кој засега од непознати причини падна на локацијата оддалечена околу 100 километри од Санта Барбара.

Во текот на кариерата компнираше музика за филмовите The Lady in Red (1979), Wolfen (1981), Star Trek II: The Wrath of Khan (1982) и Star Trek III: The Search for Spock (1983), Red Heat (1988), Glory (1989), The Rocketeer (1991), Patriot Games (1992), Searching for Bobby Fischer (1993), Jumanji (1995), How the Grinch Stole Christmas (2000), Troy (2004) i The Amazing Spider-man (2012).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1