Повеќе од 20 патници се разболеле во авион за време на летот од Сантијаго до Сиднеј и тие денеска се хоспитализирани и сместени во карантин, соопшти австралискиот авиопревозник „Квантас“.
Заболените патници се од иста туристичка група и сите имаат стомачни проблеми. Тие се качиле во авионот во Сантијаго.
– Авионот „Боинг 747“ при слетувањето на аеродромот во Сиднеј бил пречкан од лекарски тим, кој ги згрижил патниците, изјави портпаролот „Квантас“ Лук Енрајт.
Тој додаде дека според неофицијални информации, заболени се 26 патници.
Енрајт не сакаше да каже колку патници имало во авионот, но сите ги советувал внимателно да ја следат својата здравствена состојба.