Во бегалски камп во Словенија пронајдени скулптури од Месопотамија


Во бегалскиот камп во Словенија биле пронајдени три помали скулптури од подрачјето на древна Месопотамија за кои се смета дека биле илегално ископани во Сирија и Ирак.

Националниот музеј во Љубљана потврди дека се работи за оригинални автентични месопотамиски предмети од алабастер и веројатно потекнуваат од третиот милениум пред новата ера.migranti6666

Портпаролот на полицијата Миран Сади, како што пишува Франц Прес, изјавли дека фигурите веројатно ги оставил мигрант на почетокот од ноември лани кога во Словенија пристигаа илјадници бегалци од Хрватска.

-Предметите немаат ознаки кои би потврдиле дека се попишани што значи дека веројатно се ископани илегално, изјавил за радио Словенија археологот на Националниот музеј Петер Турк.

УНЕСКО во септември лани предупреди дека од археолошките наоѓалишта во Сирија и Ирак се краде во огромни количества и со средствата од продажбата на украдените предмети и вредни дела се финансира Исламска држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1