Во болниците не се умира само од болест – Грешните дијагнози, сериозен проблем


Студија во САД покажала дека 12 милиони луѓе таму добиваат погрешни дијагнози, а кај половина од нив тоа може да има и последици. Во Македонија нема ниту статистика ниту истражување колку погрешни дијагнози се поставуваат годишно. Во алките на здравствениот систем кај нас никој не негира дека лекари донесуваат погрешни заклучоци, а повеќето имаат свои гледања за тоа како да се намали нивниот број

dete bolnicТри месеци пиев антибиотици, иако ми велеа дека имам настинка, а кога конечно матичниот лекар ме испрати на специјалист, излезе алергија, која ја реши само со еден лек, се пожали Емилија од Скопје. Нејзината првична погрешна дијагноза ја чинело непотребно пиење антибиотици, што е штетно за здравјето. Меѓутоа, кај некои пациенти кај кои лекувањето почнало по погрешна насока, тоа може да има многу поголема цена.

– Синот на две и пол години доби мононуклеоза. Проблем беше што 10 дена имаше отежнато дишење, слузење, пад на имунитетот и го лекуваа со лек против алергија. Го носевме неколкупати на матичен, неколкупати на дежурен лекар. На крајот матичниот педијатар ни даде упат за Клиниката за хематологија. Таму докторката за 15 минути ни кажа дека има мононуклеоза, која веќе беше во поодмината фаза – вели Жарко В. од Скопје.

Александра Д., пак, објаснува дека дежурен лекар заклучил дека ѝ бил шинат палецот, а потоа се покажало дека бил скршен. Поради грешката, криво зараснал и ден-денес има проблеми.

bolnicaНа јавноста ѝ е познат случајот кога лекар, наместо бубрег, оперирал панкреас, а се случува и пациенти со години да лутаат по ординации и да не добијат точна дијагноза.

Лекарските грешки не се случуваат само кај нас. На секој дваесетти пациент што влегува во ординација за итни случаи лекарот му запишува погрешна дијагноза, се оценува во нова студија објавена во „Би-ем-џи квалитет и безбедност“, пренесува хрватскиот весник „Нови лист“. Половина од овие погрешни дијагнози, пак, би можеле да предизвикаат последици, а кај некои пациенти може да бидат и фатални.

Грешки се прават, на пример, кај срцева слабост, пневмонија, анемија или рак на белите дробови. А поради погрешни дијагнози пациентот може да оди на непотребни процедури или непотребно да пие лекови. Тие не се резултат на незнаење, туку на фактот дека лекарите, често, едноставно немаат време повеќе од 10 минути за да донесат одлука. А од пациентите се очекува да бидат активни и да му ги кажат на лекарот сите симптоми и информации за себе.

Повеќе на – Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1