Претседателот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Живко Будимир е уапсен денеска по налог на Јавното обвинителство на БиХ, јави Анадолија.
Будимир е уапсен во неговиот кабиент од страна на припадници на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА). Според полицијата, тој се товари дека примал поткуп за помилување на осуденици, како и за „уште неколку кривични дека“.
Босанските медиуми јавија дека во тек е претрес на канцеларијата на Будмит во зградата на Претседателство на Федерацијата БиХ.
Според извори на Анадолија, полицијата спроведува акција и во реонот на Широки Бријег, каде „предмет на обработка“ се компании во сопственост на семејството на замник-премиерот на Федерацијата БиХ, Јерко Иванковиќ-Лијановиќ.
Истите извори тврдат дека акцијата е споревдува поради сомнителни исплати на субвенции од страна на Развојната банка на Федерацијата БиХ.