Во брак се 53 години и се уште се сакаат – балканска љубов


Фотографијата “Љубов”, која еден локален фотограф ја направил на улиците на Ивањице во Србија, станала хит на социјалните мрежи.

Стариот пар од виралната фотографија, кој се држи за рака, е брачен пар од селото Рамна гора. Марица и Бранислав Димитријевиќ се во брак 53 години, пишува 24sata.rs.

par-ljubov-02

78-годишниот Бранислав ослепел пред 2 години, а сопругата Марица за него се грижи со иста доза на љубов како и првиот ден.

“Не ни е лесно, останавме сами и стари во селото. Децата отидоа по својот пат. Но убаво ни е кога сме заедно. Деца мои, ако има љубов, има се'”, вели 71-годишната Марица.

“Доволен е само топлиот допир со раката и веќе ви е подобро, знаете дека некој е тука да се грижи за вас. Заборавивме да се сакаме и почитуваме. Деца мои тоа е најважно”, додава Марица.

par-ljubov-01

Таа додава дека Бранислав од секогаш и се допаѓал. “Кога се венчавме не бев сигурна, размислував дали станува збор за љубов”, вели Марица полна со позитивна енергија.

“Би погрешила кога би се пожалила. Давам љубов, но ја добивам и назад. Имаше моменти кога малку ќе се скараме, живи луѓе сме, но сепак…на крајот победува љубовта. Тоа е мојата порака за вас деца, сакајте се, бидејќи љубовта може да победи се'”, рекла Марица.

Парот Димитријевиќ има две ќерки, четири внуци, една правнука и уште едно правнуче на пат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1