Во Дебар во трка за градоначалник, Муфтија,пензионер и бизнисмен


Во општина Дебар, во трката за градоначалничкото место се тројца кандидати, двајца предложени од политичка партија и еден независен кандидат.

makedonijaНа сите тројца ова име е првпат да учествуваат на локални избори.

– Кандидатури поднесоа Ружди Љата, од ДУИ, Меџит Дика од ДПА и Ибрахим Колари независен кандидат, изјави претседателот на Општинската Изборна Комисија, Адриан Марку.

Љата е дебарски муфтија, Дика е дипломиран машински инжињер во пензија, додека Колари е бизнисмен, кој повеќе од триесет години работи во САД а над десет години има свој бизнис и во Дебар. Според Марку, за локалните избори се поднесени пет советнички листи и тоа две незвисни, односно предложени од група граѓани, потоа советничка листа предводена од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и од ДУИ и од ДПА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1