Во Дојран ќе се прави првата жичара на вода во земјава


За новата сезона Дојран ќе понуди и нови содржини за туристите. Кејбл вејк паркот ќе биде само една од нив. Првата жичара на вода во државата која ќе биде изградена токму на Дојранското езеро е дел од проектот насловен Фејс Дојран, а ќе се реализра во соработка со општина Кукуш како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.dojransko

„Првично она што е предвидено во рамки на проектот е изградбата на водениот парк или жичарата на вода која се надеваме дека во текот на летниот период ќе успееме да биде готова и отворена. Меѓутоа проектот ќе вклучува и други активности како мапирање на велосипедски патеки, пешачки патеки на ридовите над Дојран околу фронтовата линија“, вели Борче Стамов, градоначалник на општина Дојран.

Прокектот меѓу другото предвидува изработка и на голем број промотивни материјали, туристички пакети за содржините кои се нудат, а ќе понуди и веб платформа преку која туристите освен што ќе се информираат за понудата и сите сместувачки капацитети истата ќе може да ја користат и за резервација за сместување.

Вкупниот буџет на проект Фејс Дојран изнесува околу 800.000 евра од кои 500.000 се наменети за содржините во Дојран, а другиот дел за проектот што го реализира општина Кукуш.

emagazin.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1